Христови Патишта

 

Помош
 за самопроверување кога се работи со главниот текст на "Христови Патишта"

- и во внатрешниот и во надворешниот живот.

Општо:

Дали сум го прочитал "Запознавање со намената и користа од овој текст"? (Ако не сум: би помогнало сега да го направам тоа, особено во случај на бројни општи нејаснотии.)

Дали сум ги проучувал заглавјата на овој коментар последователно? (Ако не сум – и ако си навистина заинтересиран за уподобување на Христа, учи ги исто така претходните заглавја колку што е можно подлабоко).

Дали сум учел досега без да имам вознемирувачко чувство дека имам прескокнато претходен пасус кој не сум го разбрал? (Инаку разгледај го повторно тој пасус смирено и колку е возможно без предрасуди).

Дали ги прочитав и се обидов да ги употребувам, колку што е можно, страните кои се однесуваат на "методични совети, Христијанска медитација..." како можна помош за подлабоко разбирање, искусувајќи и вежбајќи ја содржината?

Дали имам воопшто идеа за моите моментални способности, црти на карактерот, навики? (ако немам: размисли за тоа и за направи забелешки). Ако одговорот е да: Дали има одреден квалитет – поврзан со текстот само што го учев – за кои сакам да се молам итно и за кои би сакал да ги подобрам?

Дали мислев на применување на последните остварувања во мојот секојдневен живот?

Дали сум веќе отворен за да ме раководи мојата совест?

Дали се обидов да најдам или постигнам подиректно водство од Бога преку Исус Христос на мојот пат?

Значи, каде стојам во мојата врска со Бога?

 

Враќање на почетната страна http://www.ways-of-christ.com/mk 

Патишта на Исус Христос, неговите заслуги за човечката свест и промените на човештвото и земјата: независна информативна страна со гледишта од многу истражувачки области и духовни спознавања; со практични упатства за личен развој