Христови Патишта

Независна информативна страна
со гледишта од многу истражувачки области
и духовни спознавања.

враќање на почетната страна: други понуди и јазици.

 

Методиски упатства*** за медитациска пракса: Христијанска медитација.

Нашите текстови делумно беа пишувани со помош на медитативно размислување за библиските текстови. Следствено, покрај информациите што ги содржи, тие се исто така напишани како погодни почетни точки за медитирање за евангелските поглавја.

37-те глави од главниот текст ги следат чекорите во Евангелијата и Откровението од Јован. Се препорачува осврнување според истиот редослед со помош на Евангелијата по Јован и Откровението.

Проучувањето на Библијата, т.е. читањето на текстовите и нивното лингвистички поврзано обработување преставува само еден метод. Со тек на проучувањето, текстот во поглавјата а на крај и самиот Бог, може да бараат подлабоки спознавања.
Web-страната е составена од долг, непрекинат текст. До неговите поглавја може да се дојде преку соодржината. За потемелно проучување се препорачува испечатен текст: Во зависност од подесувањата на печатачот, има околу 120 страни.*

Кој освен со читање се интересира за поцелосен метод на обработка која ги вклучува запуштените делови на душата, после проучување на една глава може, со оглед на заинтересираноста, да прочита соодветна глава на пр. Медитирање за и околу Откровението од Јован. (Јован и неговите учуници претежно се занимавале со подлабоките значења на настаните.)

Поопширно за медитациската пракса.

За тоа постојат повеќе можности; најнапред се потребни предуслови како за секоја друга медитација: Самосвесно или со разговор со некој, мора да се излезе од актуелните настани и нескладности или проблеми, така да на задоволително ниво се зголеми сопственото внимание; на таков начин повторно ќе дојде до духовна отвореност. Не би смеело да има замор, ни глад, ни акутно дејство на алкохол, тутун итн. Во текот на медитирањето не смее ниту телефонот да смета. Местото треба да биде удобно, значи подалеку од апарати кои зрачат, (види ги линковите: структура на градбите). Испраксираните луѓе вероватно би можеле да се концентрираат и на прометно место, но на почеток поцелисходно е да се поштуваат упатствата. Порано за вакво медитирање за Евангелијата, текстот се изговарал пополека со затворени очи (на пр. розенкрузовците**). Текстот би се научил напамет за да вниманието биде на содржината, а не на зборовите. Постои и уште една варијанта, кај која текстот бил следен со еуритмички гестови. Постои и можност кога прво го читаме текстот, па потоа со затворени очи му дозволуваме на прочитаното да делува на нас. Притоа не се размислува кога се медитира, бидејќи вистинското медитирање почнува откако прекинат активните мисли. Доколку мислите продолжуваат да течат сами, само на кратко ќе ги “забележиме”, а не да го продлабочуваме истото. Истото важи и за време кога ќе ни надојдат мисли кои немаат или привидно имаат нешто заедничко со медитацијата. (доколку се работи за некое планирање, може да се забележат, па духот пак да биде ослободен, за ефикасно да медитираме. Битните случки во текот на медитирањето, по можност се бележат една по друга, зашто така подобро може да се следи сопствениот напредок. Запазувањата може да ја продлабочат свеста, што меѓутоа не се случува и автоматски (контемплација, медитација).
Од дополнителна помош би ни било ако при разбудување имаме бележник за потсетување. Тоа од една страна помага при сеќавање на соништата; од друга страна на база на таквите белешки за соновите може подобро да се следи нивниот развој. Дополнителна помош за засилување на ова е и ако цртаме симболи за соновите во текот на денот. Се повеќе може да се покаже дека сите сонови не можат да се објаснат со помош на дневните доживувања и нивното психичко проширување, но овде се случува нешто друго кое е еднакво важно како и самиот ден.

Не се работи за окултни ритуали, туку едноставно за да и се даде време на душата да се отвори кон содржината, т.е. кон Бога, наместо содржината да биде само на располагање на интелектот - кој иако не е лош, но самиот во ниеден случај тој не е доволен за разбирање. Со тоа во тек на времето можно е да се допре до сите делови и слоеви на човекот и истите да се променат, па дури и неговата волја и тело. Она што е возможно да се опфати со глава, станува поблиско ако има внатрешно одобрување во тек на спознавањето на нови соодветни просветленија во тек на медитацијата или со тоа поврзаните сонови или развои во животот. Понатамошни чекори после тоа може да се превземат особено откако за тоа има потреба. За тоа можеби ќе биде потребно едно време од седмица или месец дена да се проживее во еден сегмент. Содржината не е потребно веднаш 100% -но да се промени, зашто таквите чекори повеќе не може потполно меѓусобно да се раздвојат. Бог допушта човек да искуси нешто кога тоа Он (Бог) сака, “ѕвездениот саат” во најдобар случај може да се подготви, но не и да се принуди. Ниту една теологија итн. единствено сама од себе, не може да го надомести внатрешниот практичен дел, кој сивата теорија треба да ја преточи во доживеана пракса.
Независно од можностите на таквите медитирања, постојат многу патишта до истата цел, како што постојат и различни луѓе.

Други видови на медитација во Христијански контекст.

Иако погоре спомнатиот облик на Христијанска медитација во црковните кругови ретко се нуди, во посебни црковни куќи за состаноци или слично се нудат други форми на медитација. Зашто луѓето со право бараат за спознавањето. Црквите со векови ја закопувале својата сопствена духовна, а со тоа и медитациска традиција, па сега повторно мора да ја направат достапна. Затоa, како замена, најнапред се обидувале да ги менуваат будистичките медитациски облици (како Зен, едноставна медитација во тишина) и да ги поврзуваат со Христијански или неутрален вовед. Тие исто така медитираат врз слики од Христијанството, или читаат извадок од Библијата или од делата не Светите Оци и тогаш медитираат врз нив. Во нашиот главен текст, во главата “Тишина во пустината” ја спомнавме Православната монашка пракса на Светата гора Атос да се молат со ритмичко повторување на “Кирие Елеисон” (Господи помилуј). И песните и химните може да добијат медитациски карактер. Наједноставно и најделотворно би било во општа полза кога: Црквата би дала добар пример и кога на служба би се вклучила и тишината, на пр. пред, во тек и после молитвите - како да се очекува “одговор” после проповедта, во тек на душегрижничките советувања итн. На тој начин, таквиот медитациски елемент не би бил изолиран туку неговата вредност би можело да се доживее многу складно. Низ такви припреми за Божјото дело може целиот живот да се преобрази со медитациска црта,- што во нашето хектичко време е многу тешко. Во секој случај без очигледно знаење, би било апсурдно секоја медитација, без разлика, да се означува како “нехристијанска” само затоа што многу медитацијски облици кои ги прават нехристијанските групи се попопуларни од христијанските.

Дури и оние кои во своите потраги за внатрешни спознавања се навлекле на лоши и опасни патишта како дрогата, наместо тоа можат да пронајдат исполнувачко доживување со медитација.

*... Изучување на печатен текст со концентриран начин помага да се избегнат они проблеми кои независните истражувачи ги препишуваат на прекумерна доза на интернет и "повеќе задолженија" (т.е. истовремено вршење на повеќе задачи).

** На пример во Христијанската Розенкрузовска Школа "Универзитет Езотерика" во Берлин (Волфганг Вагнер), која постоеше до 1984.

*** Едно (подлабоко) разбирање на овие страни бара разгледување на нивната идејна насоченост и на користените дополнителни методи (види погоре). Овој вид на пристап кон проучување на текстови, другите го гледаат како општо упатство за сериозна работа. Исто така и во областите како Филозофија ("Принцип на Милосрдие", Доналд Давидсон, "За Самата идеа да се има Концептуална Шема", во "Постапки и Адреси на Американската Филозофско Здружение", Vol. 47, 1973-1974, стр. 19).

 

Враќање на почетната страна http://www.ways-of-christ.com/mk 

Патишта на Исус Христос, неговите доприноси за човечката свест и промените кај човештвото и земјата: независна информативна страна со гледишта од многу истражувачки области и духовни спознавања; со практични упатства за личен развој