Христови Патишта

Дополнителна страна

 

Вдахновение и црквите.

Новиот завет го опишува директното вдахновение на одделни верници и останатите дарови на Светиот Дух како генерално битен дел во христијанството (спор. на пр. 1. Кор 14, 26; Марко. 16, 17). Патиштата до таму очигледно биле отежнати. Но може да се моли за добивање на Светиот Дух.

Заедно со Протестантската Пентекостална црква и Католичката црква верува во возможноста за Божествени Пораки. Меѓутоа прават разлики меѓу "општото откровение" за сето низ Библијата, традиционалните и црковните учителски служби од една страна - и мистичните "приватни откровениа" од друга страна. Приватните откровениа, се уважуваат како дело на Светиот Дух се додека се полезни за конкретните лица и нивното непосредно опкружување, и обично се необврзувачки и без голема подршка. Црквите реагиреле со многу критичен став кога се известувало за вакви Божествени Пораки во реално време. А посебно кога истите биле на пр. од Исус Христос или од Марија. Дури од папата Павле 6-ти. Печатењето на вакви статии кај црковно наклонетите издавачи повеќе не се попречуваат. Ваквите сведоштва сепак делумно се затајувале со години како на пр. третата порака на Фатима. Црквата останува резервирана во вакви случаи до конечното разјаснување на случајот. Според црковното право ако овие пораки се проверени тогаш мора да се постапи чесно, како на пример да биде во корелација со "(Can. 844 §3)" . Can. 220 забранува неоправдани оштетувања на угледот од било која страна (кои може да се случат поради пребрзи јавни осуди).
Ова инспиративно подрачје во многу цркви нема значајна улога, т.е. кај нив не е развиена посебна пракса за општење со такви појави. Од друга страна и вон црквите има слични појави. Севкупно се стекнува впечаток дека Бог сака да ги потикне луѓето на тој пат одново, правилно да ги подучи па дури и да ги опомене.
Сепак тоа е еден целоживотен, тежок процес на учење; и ширењето на таквите пораки преставува всушност особена мисија како и посебна поврзаност со Бог и соодветна припрема.

Првите Апостоли, луѓе кои поради своите посебни дарови можеле да го застапуваат Исус Христос - подучувале според 1. Кор 14, 26 директни откровениа и ги толкувале како составен дел од целината. 1.Кор,12,4-7: "На секого Духот му дава дар за општо добро". Според 1. Кор. 12, 28 улогата на "пророци"*) може да се гледа како подредена за Апостолите, а дури на трето место доаѓаат учителите. Во 1. Кор. 14 се прави разлика меѓу зборувањето на други јазици за надоградба на самиот себе и пророкувањето за надоградба на црквата; посебно се вреднувале луѓето со дар за пророкување, затоа што други апостоли не можеле да ја исполнат оваа задача (на пр. Мат. 10, 41).

Разликувачки карактеристики:

Овде не се работи толку за прашањето дали има воопшто инспирација, која не се препишува на автосугестијата т.е. масовните сугестии, шизофрении или на други психички појави**. Кој ги проучува, без предрасуди, ваквите феномени во христијанството, може брзо да забележи дека таквите ограничувачки, чисто психолошки обиди за објаснување, во повеќето случаи не се доволни. Дури после такво сознание всушност се појавуваат интересни прашања.

- Целисходно е да се спознава што доаѓа од Духот на Вистината а што не доаѓа; спор 1. Ив. 4, 1. Меѓутоа тоа мора да се прави со потребна претпазливост и внимание. Дури и од гледиште на самата Библија, свештениците не можеле секогаш да одлучуваат автоматски со помош на теоретските теолошки проценки за откровенијата на духот. Неколкумина можеле непосредно да спознаат од каков дух доаѓа посланието; поради тоа дарот за пророкување според Мат. 7, 15-20 треба да се расудува според нивните "плодови". Тоа значи дека онаму каде се доаѓа до Христос - на пр. до т.н. "обратување" со позитивна промена во животот; или дури и до духовно односно телесно оздравување и др., би било дволично да се одбијат како невистинити или како "од ѓавол", затоа што се случуваат по милост - Јов. 15,5: "Без мене не можете да правите ништо". Позитивен сигнал е ако со тоа се појави на пр. поголема љубов кон Христос и ближните. спор. и предупредување за да не се осудува, кај Мат. 7, 1; Мат. 12, 24-30 и Апостолските дела 5, 38-39. Морално-теолошки и според светските правни основи би било погрешно некој да се осудува доколку има само сомнение.

- Друга разликувачка карактеристика може да биде скромното поведение кај таквите луѓе; затоа што онаму каде човекот е "тивок" може да се слушне Божјиот Дух. Теолошките познавања тука воопшто не се битни; често се избрани токму едноставни луѓе ("Харизма кај лаиците"). Образуваните го можат истото само ако не се вообразени односно не се закоравени па на таков начин според Мат. 5, 3 следствено припаѓаат на "сиромашните во духот". (На пр. садукеите - рационалисти и материјалисти - и фарисеите - доколку се закоравени во поголема мерка со верските толкувања - не припаѓаат на "сиромашните во духот".)

- "Да живеете живот достоен за луѓе, и да ги исполнувате своите секојдневни обврски, но и на Бога, Семоќниот Отец да му се даде местото кое Нему Му Припаѓа" ( порака од Богородица Марија кон луѓето, видена во Гарабандали и на други места).

Посветено однесување, во контекст на Исусовата етика, е уште една таква карактеристика - види во Матеј 7,12. Преку поврзаноста на самиот себе си со Христос, човекот добива подобра врска со духот - кој е над разумот. Тоа може да стане уште појасно, на тој начин што се повеќе се ускладува со Божјите особини како што е љубовта. Сепак овде под етика не се подразбира автоматско поклопување со традиционалните престави за набожните лица, на пр. во поглед на облекувањето, одењето во црква итн.

- На пр. таму каде некој би повикувал кон Исусово вдахновение,и на агресивен начин би поучувал други Христијани за нешто приучено а недоучено, и при тоа создава немир, очигледна е веројатноста дека не се работи за Боженствена порака од Христос или од Светиот Дух.

- Ослободеноста од надворешна духовна тортура како фактор има дополнителна улога. Светиот Дух е независен од човековите поделби и за своето процутување е потребна слобода. Човекот има сопствена совест која не е идентична со ништо што се прифаќа од надвор. Апостолските дела 5,29: "Повеќе треба да се покорува на Бога отколку на луѓето." Се разбира дека со тоа не се порекнува духовното раководење, кое и понатаму има своја смисла. Секое растење не мора секогаш да почнува од почеток.

- Критериумите за "надприродно" додуша често се истражувани на пр. пропратни појави во некои т.н. случаи на «занес» (непостојано трепкање со очните капаци, промена на отчукувањата на срцето, намален пулс, зголемен крвен притисок - а без покзател дека се работи за манипулација или дрога); или дека личноста објективно не би можела да знае, итн. Сепак тоа не е одлучувачки, бидејќи духот може да се послужи и со «природните» човечки особини.

Постојат многу облици преку кои може да се искаже посланието од духот. На пр. "Внатрешниот збор на срцето" при потполна свесност - значи да не ги помешаме со шизофрениј или хипноза. Во некои пракси станува јасно и тоа дека тоа има поинаков карактер од телепатските појави. (спореди: „За внатрешниот збор“, избор од Јоханес Тенхард“, и сл., Лорбер издавач). Поретко се земаат во обѕир состојбите на транс каде човекот се наоѓа во позадина, и тогаш меѓутоа под посебни околности (на пр. начинот на ускладување, односно поврзаноста со Бога) треба да се сфати дека не се работи за обичен транс, т.н. чисто собирање на свеста - кај која во спиритуална смисла би можело да дојде до многу проблематични инспирации поради што учесниците стануваат слаби. Се случува и некој во себе, внатре, да доживее видение како светлост или идеја па потоа истото може да го преточи во зборови и да го запише. Постои и директно запишување во свесна состојба, кое треба да се разликува од автоматското спиритуално запишување што се случува при транс.

И во ваков случај, возможно е изворот на пораката да биде од Светиот Дух, без притоа да биде упатена директно кон засегнатата личност("..."): Една мисла, еден разговор меѓу луѓето или дел од текст па и цела книга, можно е да потекнува од еден исти инспиративен извор кој може да ја покрене човечката креативност како што сака.

Воопштено за Светиот Дух спор. Јов. 3, 8; Јов. 14, 26 и главниот текст на страна Патишта на Исус Христос, прв дел, глава "Првите Духови".
За пророштвата во потесна смисла на гледање во иднината, види ја соодветната глава во главниот текст на страна Патишта на Исус Христос, втор дел, на пр.глава " За пристап кон пророштвата".

Пророштво во прв ред преставува упатство од надчувствениот свет, а во христијанска смисла е упатство од Бога одн. Светиот Дух. Вдахновенијата, на некој начин преставуваат "прорштва за иднината". Во горе споменатите делови за пророштвата во стариот завет-постои извесна резервираност поради изменетите услови од тоа време (во Христовото време древното пророкување скоро исчезнало, но повторно е обновено): Јоил 3,1-2; Амос 3,7-8.

**) Понекогаш дури и вистински вдахновени лица можат повремено да дојдат до состојба кога внатрешните дијалози стануваат опсесивни и лицето останува во неможност да се справи со земните работи. Со намера да се одбегнат таквите испади, освен горе спомнатите гледишта, би можело да се обрне внимание на следните услови: доволно да се спие, да се конзумира храна богата со витамин Б, пр. или само витамин Б - т.е. Во врска со ова да се внимава со постовите, ако нема доволно храна; да се држи цврсто до саканиот извор, т.е. Исус; Да не се дава повод за било какво застранување, на пример да се избегнуваат долги состаноци што заморуваат; Да се одмерат внатрешните напори за да се постигнат надворешните обврски; да се сварат самосвесно чуените работи. Лицата кои би помогнале: Духовните водители, Терапевти и сл. Доколку имаат соодветно искуствено знеање и ако можат сериозно да ја разберат нарушената состојба, би можеле само да асистираат но притоа да не го нарушат основниот феномен.

 

Враќање на почетната страна http://www.ways-of-christ.com/mk 

Патишта на Исус Христос, неговите заслуги за човечката свест и промената на човештвото и земјата: Независна информативна страна со гледишта од многу области на истражување и духовни спознавања; со практични упатства за личен развој.